Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ВМРО-ДПМНЕ: Назначувањето на Бучковски е очаен обид да се најде жртва за да се препише поразот на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ на власт не може да има добар и квалитетен живот
300x250 opst2

Кадарот Владо Бучковски не е никаков скриен ас на Заев во преговорите, туку очаен обид да се најде жртва кому ќе се препише поразот на политиките на премиерот во заминување, велат од ВМРО-ДПМНЕ, откако Владата денеска го назначи експремиерот Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

„Назначувањето на Владо Бучковски е и потврда дека во СДСМ врие и на овој начин Заев преку доделување на функции се обидува да најде сојузници да ја зачува својата фотелја бидејќи со погубните политики не само што се доведува во прашање егзистенцијата на премиерското место туку и на претседателското во СДСМ“, велат од опозициската партија.

Оттука додаваат дека наместо замајување на јавноста со стари и истрошени кадри, Заев треба да одговори за што точно тајно преговара со бугарската влада овој викенд и дали е се тргува со историјата, јазикот, македонското малцинство идентитетот.

Опозицијата прашува и зошто Заев отфрлил постигнување на национален консензус за ова прашање и зошто се плаши од национално единство во разговорите со Бугарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра

Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика

Доаѓаат влажни воздушни бранови од Медитеранот кон Македонија