Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Рита Ора се извини дека со роденденската забава ги прекрши анти-корона мерките

Рита Ора се извини дека со роденденската забава ги прекрши анти-корона мерките
300x250 opst2

Британската поп sвезда Рита Ора се извини во понеделникот откако призна дека присуствувала на забава за да го прослави својот 30-ти роденден, со што ги прекрши рестриктивните мерки за заштита од Ковид-19.

Ора рече дека „била на мал собир со неколку пријатели“, за кој весникот „Сан“ објави дека се одржал во ресторан во западен Лондон ноќта во саботата и дека присуствувале 30 лица.

Според правилата за самоизолација или локдаун, луѓето во Англија не смеат да се мешаат со други домаќинства во затворени простории и можат да се сретнат со едно лице надвор. Рестораните се затворени, освен за храна за носење, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Одлуката беше донесена со погрешно мислење дека накратко излегуваме од самоизолација, и дека тоа ќе биде во ред,“ напиша Ора на Инстаграм стори.

„Длабоко жалам што ги прекршив правилата. Ова беше сериозна и неоправдана грешка во проценката. Со оглед на ограничувањата, сфаќам колку овие активности беа неодговорни и преземам целосна одговорност “.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)

Србите масовно садат глог, добивката е голема

Дневен хороскоп за 07 октомври 2025 година