Вечерва би сакал тука од Кичево да пренсесеме една порака заеднички со сите граѓани присутни на овој протестен собир, дека време е Заев да си оди за државата да тргне напред. Бидејќи се работи за еден човек и политичар кој што секој збор му е лага, како што беше лага ветувањето дека од Македонија ќе направел европска држава, порача Антонијо Милошоски од Кичево.
„ Македонија гледаме дека и економски, национално, уставно и образовно, во секој поглед назадува, за жал и наместо ветувањата на Заев дека ќе ја однесе државата во европски Париз, тој заглави во бугарскиот Пазарџик. На сметка на пазарењето со националното достоинство на Македонците но и на сите граѓани со кои што манипулира.
Затоа сметаме дека за ваков еден корумпиран политичар за кого што националните интереси се предмет на трговија, треба што побрзо Заев да си даде оставка за Македонија да да може да биде понормална и развиена држава.
Оттука од Кичево сакам да порачам дека има и многу наши сограѓани кичевчани кои се членови на СДСМ, не би сакал поединечно да ги споменам, кои што се срамат од тоа што ваков човек им е претседател и за жал во моментот е премиер на државата.
Но неговите денови се одброени и мислам дека, во едно успеа Заев да направи, а тоа е што успеа да ги ообедини граѓаните против него. Бидејќи и тие што не веруваа за каков неурамнотежен политичар станува збор, сега може да се уверат дека Заев е проблемот на Македонија. Затоа нашата порака е оставка на Заев, слобода за Македонија“ рече Милошоски.