Утрински Весник
Политички Партии

(Видео) Дрвошанов од Струмица: Нема да дозволиме да се избришат нашите корени

(Видео) Дрвошанов од Струмица:  Нема да дозволиме да се избришат нашите корени
Ss2

 

Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет, порача Жан Дрвошанов од протестот во Струмица.

„ Ни замеруваат за протестите и не обвинуваат дека ние сме виновни за пандемијата која е излезена од контрола на власта из ема за жал се поголем замав. Меѓутоа и покрај се, и покрај сите притисоци кои ги врз нас, врз граѓаните, се зголемува бројот на луѓето кои се охрабрени да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на се што е македонско.

Нема да го дозвоиме тоа, нема да дозволиме да се избришат нашите корени, затоа ги повикувам сите, сите граѓани да бидиме сплотени во овој момент, да бидиме единствени и да си ја зачуваме Македонија.

Помина времето на страв, отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ.

Протест сега за да не биде предоцна. Оставка на Заев, слобода на народот“ додаде .

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт