Утрински Весник
Свет

Амбасадорот на Црна Гора прогласeн за персона нон грата во Србија

Амбасадорот на Црна Гора прогласeн за персона нон грата во Србија

Српското Министерство за надворешни работи објави дека го прогласи амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, за персона нон грата.

„По повод прогласувањето на амбасадорот на Република Србија во Црна Гора, Владимир Божовиќ, за персона нон грата, Министерството за надворешни работи на Србија постапи на реципрочен начин“, се вели во соопштението на Министерството.

Во дипломатската нота се наведува дека врз основа на членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ е прогласен за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен да ја напушти територијата на Република Србија во следните 72 часа“, се вели во нотата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички