Утрински Весник
Свет

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

СЗО: До 70 отсто од светската популација треба да биде вакцинирана за да се запре коронавирусот

Околу 60-70 проценти од светската популација треба да бидат вакцинирани или да стекнат имунитет, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Ова го соопшти на брифинг раководителот на одделот за имунизација на СЗО, Кејт О’Брајан.

„Мора да ја разгледаме можноста вакцините не само да обезбедат превентивна заштита, туку и да спречат пренесување. Постојат различни студии и симулации за ова“, додаде О’Брајан.

Вели дека е тешко да се дадат подетални предвидувања во конкретната ситуација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хакиран данскиот централен регистар, изложени податоците на 8,8 милиони лица

Расте бројот содржини на Интернет со сексуална злоупотреба на деца генерирани со вештачка интелигенција

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември