Утрински Весник
Свет

Ердоган: Турција заинтересирана за руската вакцина против Ковид-19

Русија почна масовно тестирање на вакцината против коронавирусот, која ќе ја примат 40.000 луѓе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против коронавирусот.

„Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употреба на вакцините и се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме во големи количини во нашата земја“, изјавил Ердоган, а пренесува „Спутник“.

Телефонскиот разговор меѓу лидерите на Турција и Русија се случил на 24 неомври, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремљ, Путин и Ердоган се заложиле за понатамошна соработка во борбата против Ковид-19, со приоритет во координацијата во развојот и производството на вакцини.

Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да започне производство на вакцина против Ковид-19 „Спутник V“, во турските фабрики за производство на лекови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно