Утрински Весник
Македонија

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти со коронавирус

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти со коронавирус

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден на Клиниката за очни болести, еден пациент на Клиниката за нефрологија и шестмина во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 нови болни во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 46 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Од вчера е отворен и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло со капацитет од 40 кревети, а примени се шест пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 102 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, од кои 11 деца и 21 возрасен.

„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од МЗ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа