Утрински Весник
Економија

(Видео) Лазаревска: Буџетот на МОН за 2021 е зголемен за 1,1 милијарда денари

(Видео) Лазаревска: Буџетот на МОН за 2021 е зголемен за 1,1 милијарда денари
Dik 300x250 mk

Буџетот на Министерството за образование и наука за 2021 година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем, изјави пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска.

„Капиталните инвестиции за 2021 година се предвидени на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на 2020 година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици. Следува реконструкција на основни и средни училишта, изградба на спортски сали во училиштата, како и реконструкција на студентски домови. Буџетот за следната година обезбедува и поголема инклузивност. 54 милиони денари се наменети за ангажирање на образовни асистенти, со што овозможуваме секое дете да го развие својот потенцијал преку креирање на инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на учениците“, рече таа.

Во однос на ученичкиот и студентскиот стандард, додаде Лазаревска, веќе од декември следува нова динамика на редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии.

„Со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти, како и започнување на исплатата на бесплатен студентски оброк, го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица“, изјави Лазаревска.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари