Утрински Весник
Македонија

Иванов: Народот го виде правото лице на Заев, пред очи ни се случува национално предавство

Иванов: Народот го виде правото лице на Заев, пред очи ни се случува национално предавство

Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока, вели поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во врска со изјавите дадени на премиерот Зоран Заев во интервју за бугарски медиум.

„Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати.
Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува”, порачува поранешниот претседател во обраќање на социјалните мрежи.

Почитувани Македонци,

Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската…

Posted by Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија on Четврток, 26 ноември 2020

Според него, невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите.

„Вчера македонскиот народ го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен ‘искусен политичар’ вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика“, вели Иванов и додава дека во секоја демократска земја, во секоја земја членка на НАТО и ЕУ, за вакви изјави на премиер, паѓа владата.

Иванов на крајот порачува дека е уверен оти македонскиот народ ќе го сочува, ќе гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи