Утрински Весник
Свет

Оперативец на ЦИА убиен во Сомалија

Оперативец на ЦИА убиен во Сомалија

Оперативец на ЦИА и поранешна морнаричка „фока“, наводно, бил убиен во борба во Сомалија само неколку дена откако критичарите предупредија дека наводниот план за повлекување на Трамп ја поткопува националната безбедност на САД и ги загрозува Американците, пренесува РТ.

Оперативецот ѝ припаѓал на паравоената дивизија на ЦИА и бил убиен неодамна за време на борбите во источноафриканската држава, објави во средата „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на анонимни американски официјални лица. Неговиот идентитет, мисија и точните околности на неговата смрт сепак остануваат нејасни, а ЦИА сè уште нема коментар за наводната жртва.

Извештаите за смртта на оперативецот доаѓаат во време на дискусија на високо ниво за можно повлекување на американските трупи од Сомалија, за кое пишуваа Ројтерс, „Блумберг“, „Тајмс“ и други медиуми. Според тековните проценки, во Сомалија има околу 700 американски војници кои работат заедно со локалните безбедносни сили во борбата против Ал-Шабаб, исламистичка милитантна група поврзана со Ал-Каеда. Не е познато колку разузнавачи се стационирани во земјата.

И покрај тоа што повлекувањето од Сомалија би било во согласност со повлекувањето на трупите што Трамп ги нареди на други места, како што се Ирак и Авганистан, предлогот наиде на отпор и од критичарите на претседателот, како и од неговиот персонал.

Неколку часа по извештајот од октомври во „Блумберг“, во кој се истакнува дека Трамп побарал план за повлекување, портпаролот на АФРИКОМ – кој го надгледува американското воено присуство во Африка – предупреди дека Ал-Шабаб претставува идна закана за Америка, тврдејќи дека на сомалиските сили сепак им е потребна меѓународна помош.

Смртта на оперативецот на ЦИА веројатно ќе го зацврсти тој колеблив став, што го повторија голем број експерти за борба против тероризмот, а многумина тврдат дека повлекувањето ќе ги зајакне локалните терористички групи.Сепак, критичарите на постојаното присуство на САД во Сомалија возвратија дека повлекувањето веројатно само ќе ги репозиционира американските сили во блиските земји наместо да ги испраќа дома, исто така сугерирајќи дека ЦИА и другите разузнавачки оперативци нема да заминат со војниците.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години