Утрински Весник
Македонија

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме

Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за БГНЕС предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира.

„Никој не ги прашал Бугарите на референдум, за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка“, рече Заев, образложувајќи ги неговите ставови од вчерашното интервју.

Тој наведе дека и во Македонија имало соработници на окупаторите.

„Во исто време имам обрска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение. Треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме капацитет за простување. Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат“, рече Заев.

Тој вели дека во 1948 се разладиле односите во тогашна Југославија и Бугарија и постоела железна завеса.
Премиерот заедничката историја со Бугарија ја гледа во тоа што според него, во историјата имало луѓе што истовремено се чувствувале и како Македонци и како Бугари.

Заев за отсранувањето на спомен плочите каде пишува „бугарски фашистички окупатор“ вели дека тоа е во согласност со Договорот за пријателство со Бугарија.

„Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистичка рака, затоа велиме да не заборавиме, но низ простувањето да внимаваме. Тоа е направено на цела територија на државата, на многу места, најголем дел надлежни се самите општини “, рече Заев.

„Дајте да живееме денес, време е денес да создаваме историја, историја која обезбедува иднина за младите генерации“, повика Заев.

„Не знам дали ќе помогне интервјуто, сакам да му помогнам на мојот македонски народ“, одговори Заев на прашањето дали интервјуто ќе помогне или одмогне во прговорите со Бугарија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!