„Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од авторот Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на светската федерација на фотографска уметност.
На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор, во книгата се репродуцирани околу 200 авторски фотографии со кус наратив за секоја од фотографиите.
Книгата е на македонски и англиски јазик со текст за авторското видување на креативната фотографија како ликовно изразно средство.
Цветан Гавровски (1947) е автор на дванаесет самостојни изложби и учесник на повеќе од 200 изложби во светот. Ја претставувал македонската фотографија со фотографии во националните колекции на светските изложби во: Кина (1997, 2006), Швајцарија (1999), Италија (2001), Унгарија (2004), Луксембург (2004), Словачка (2008), Ирска (2009), Индонезија (2015), Кореа (2016), Шпанија (2012, 2019).