Утрински Весник
Свет

Бугарскиот парламент го отфрли предлогот на Борисов за уставни измени

Борисов: Кренатите тупаници и притисокот врз граѓаните не се симбол на демократија

Бугарскиот парламент синоќа го отфрли предлогот на премиерот Бојко Борисов за промена на Уставот, што тој го достави во август, во обид да ја ублажи политичката криза во земјата.

Предлогот за промена на Уставот, кој недоамна доби критики од Венецијанската комисија, доби само 110 гласа „за“, додека на парламентарното мнозинството му беа потребни гласовите на 160 од вкупно 240 пратеници во парламентот.

Венецијанската комисија, која е советодавно тело на Советот на Европа за уставни прашања, изрази жалење што не е спроведена соодветна јавна дебата за иницирање на уставните реформи.

Владата на Борисов ја покрена иницијативата во обид да го намали притисокот од повеќемесечните протести, кои започнаа летоска во јули, на кои Владата се обвинува за врски со олигарсите и мафијата, при што се бара негова оставка и оставка од јавниот обвинител Иван Гешев и одржување фер избори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со интензитет од пет степени ја погоди Гранада

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Трамп вели дека ќе ја прогласи Ормуската Теснина за „американска територија“