Утрински Весник
Македонија

Николовски на средба со градоначалниците од СДСМ: Важен е развојот на општините

Николовски на средба со градоначалниците од СДСМ: Важен е развојот на општините

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа одржа одржа онлајн состанок, редовна координација со градоначалниците од редовите на СДСМ.

На состанокот беше разговарано за работата на градоначалниците, степенот на реализација на програмите за работа на општините, меѓуопштинската соработка, локалниот економски рзвој, како и реализација на проектите поддржани со Ребалансот на Буџетот за 2020 година.

Генералниот секретар Николовски изрази задоволство што и во време на панедмијата, единиците на локалната самоуправа, како што рече, продолжуваат посветено да работат во интерес на граѓаните, преку реализација на крупни и важни мерки и проекти.

Николовски се осврна и на поддршката од Владата преку финансирање на капитални проекти во општините, а како последен пример го наведе одвојувањето средсства преку ребаланс на Буџетот, наменети за финансирање на капитални локални проекти.

„Развојот на општините е важен, особено сега во време на коронакриза. Затоа, со ребалансот на Буџетот за 2020 година Владата предводена од СДСМ пренамени 120,6 милиони денари, средства за финансирање на капитални проекти на десеттина општини. Овие средства се распределуваат за реализација капитални проекти во општините Штип, Тетово, Крива Паланка, Кочани, Прилеп, Охрид, Карпош, Центар Жупа, Валандово, Дојран, Демир Капија, Градско. Со ова покажуваме дека Владата препознава и поддржува квалитетни и важни проекти за граѓаните на локално ниво, но истовремено и испраќа порака, градоначалниците, заедно со Советите, со стручните служби во општините да бидат уште повеќе посветени на изработка на издржани и квалитетни проекти кои ќе бидат поддржани од државниот буџет“, порача Николовски.

Тој ја потенцираше и важноста на општините во справувањето со пандемијата со коронавирусот, додавајќи дека во периодот што следува, ќе се помогнат општинските кризни штабови со цел зголемување на нивните капацитети и оперативност.

Со промените на дејствување на СДСМ, во тек е мерит систем на функционирање каде се мониторира и оценува работата на сите функционери на СДСМ, меѓу кои и градоначалниците и ги повика уште повеќе да работат за интересите на своите сограѓани.

„Во периодот што следи уште повеќе посветено да работите, да бидете сервис и партнер на ваѓите сограѓани. Нашата мисија е постојано да им служиме на граѓаните и од тоа отстапка нема“, заклучи Николовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)