Утрински Весник
Свет

Белгија потврди дека ќе прифати 150 мигранти од Грција

Белгија потврди дека ќе прифати 150 мигранти од Грција

Белгија ќе прифати 150 мигранти и баратели на азил од Грција, потврди белгискиот државен секретар за миграција, Сами Мехди, на дигитален состанок со грчкиот министер за алтернативна миграција и азил, Јоргос Кумуцакос.

Првата група мигранти треба да пристигне во Белгија до крајот на годината, пренесува грчката агенција АНА.

Двајцата министри разговараа за иднината на европската политика за азил и миграција во светло на новиот пакт за миграција и азил.

Двете страни се согласија дека ад хок мерките воведени по кризата не се долгорочни одржливи решенија и дека само сеопфатен пристап на ниво на ЕУ може да обезбеди такво нешто.

Белгискиот секретар го потврди ветувањето на новата белгиска влада од состанокот одржан во Брисел во септември минатата година помеѓу Кумуцакос и претходникот на Мехди.

К поддршка на азил во ЕУ за понатамошно зајакнување на поддршката на агенцијата за грчката служба за миграција, како и за прашањата поврзани со Пактот за миграција и азил.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза