Утрински Весник
Свет

Бајден: Се уште не сум разговарал со Трамп

Бајден го критикува Трамп затоа што молчи за Лукашенко
Dik 300x250 mk

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Бајден во првото интервју по изборите, кое го даде за американската телевизија Ен-Би-Си, зборува за процесот на преносот на власта и другите проблеми со кои ќе се соочи за време на мандатот.
Со оглед на тоа дека администрацијата на Трамп започна процес за пренос на власта и на некој начин го призна поразот на изборите, Бајден истакна дека неговиот тим се обидува уште сега да го упати новиот претседател во сите настани.

„ Администрацијата веќе започнува да ги подготвува дневните извештаи што ќе ги добивам како претседател. Исто така, организираме состанок со тимот за ковид во Белата куќа за да се договорат за условите за дистрибуција на вакцината, што треба да им биде достапно на сите луѓе”, рече Бајден.

Тој се осврна на гласините дека неговата администрација ќе се однесува како Обама.

„ Се соочуваме со сосема поинаков свет отколку што беше во администрацијата на Обама. Претседателот Трамп целосно го смени ликот на државата и тоа ќе мора да го смениме”, рече Бајден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Џаред Кушнер пристигна во Израел на разговори со Нетанјаху за Газа

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Потона брод со мигранти меѓу Малезија и Тајланд, стотици се водат како исчезнати