Утрински Весник
Економија

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки, кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

„ На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Предлог-законот стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието“ напиша Бектеши.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ревизијата утврди неправилности и неусогласености во работењето на ТИРЗ

Усвоен Годишниот план за Праведна транзиција 2026: фокус на работниците, отворање нови можности за вработување, преквалификација и чиста енергија

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници