Утрински Весник
Економија

Стојаноски: Буџетот за 2021 година е неодржлив, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 390 амандмани

Стојаноски: Буџетот за 2021 година е неодржлив, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 390 амандмани

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија на комисијата за финансирање и буџет посочи дека планираниот Буџет за 2021 година само дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата во државата, бидејќи како што рече, истиот е неодржлив и креиран без концепт.

„За животната средина намалени се средства од износ од 93 милиони денари помалку односно 9,5% од првично планираниот буџет за 2020 година. Земјоделците ќе се соочат со една од потешките години досега, намалени се доста средства од програмите на Министерстовто за земјоделие и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој“, вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на новите вработувања, Стојаноски истакна дека парите на граѓаните се трошат недомаќински и за вдомување на, како што рече, партиски активисти.

„Тоа што недомаќински се трошат парите и што се стеснува фискалниот простор ни го намалува маневарот за здраствени мерки кои можат да спасат животи. На Македонија и е повеќе од потребен полициски час. Не е логично на 20 заболени дневно да имаме полициски час, а на илјадници не“, посочи тој.

Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата и ќе поднесе 390 амандмани поделени во три групи.

„Секој од овие амандмани произлегува од комуникација со граѓаните и со стручната јавност и секој од овие амандмани преставува излез од здравствено – економската криза во која е западната Република Македонија“, објасни Стојаноски.

Тој како дел од приоритетите ги издвои набавка на 50 амбулантни возила за потребите на медицинскиот персонал.

„Многу е поважно да ги направиме ПЦР тестовите бесплатни од колку да се вработат партиски војници во Министерството за надворешни работи или во Министерството за транспорт и врски. Ајде охрабрете се и соберете сили за да обезбедиме средства низ амандмантската расправа за сите невработени медицински лица и тие веднаш да почнат со борбата со вирусот“, порача Стојаноски.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен