Маж вооружен со секира држи во заложништво шест деца во стан во предградие на Санкт Петербург, пренесуваат руските агенции.
Извор од безбедносните сили за агенцијата „РИА Новости“ изјавил дека човекот бил пијан, а со полицијата контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.
Агенцијата „Тасс“ известува дека човекот се забарикадирал во станот со децата, а дека причина за земање на децата во заложништво можеби е неговиот конфликт со сопругата. Тој наводно ја избркал сопругата од станот, а потоа се затворил.
Житель Петербурга захватил в заложники шестерых детей. С ним ведут переговорыhttps://t.co/UjiAiZgmve pic.twitter.com/ealaO3WOJv
— SmolNarod.ru (@SmolNarod_ru) November 24, 2020
„Тој не ја отвора вратата, не одговара на телефон“, ги пренел извор зборовите на сопругата на пијаниот маж и додал дека за вратата се слуша плачот на деца.
Полицијата преговара со човекот, а тој наводно се заканува дека ќе ги убие децата.
Появилось видео из Колпино. Захвативший детей в заложники держит нож у горла ребёнка и орет на полицейских. Он требует не подходить к нему, а привести жену pic.twitter.com/uMU437IzaH
— NEWS.ru (@nws_ru) November 24, 2020
Според извор на „Спутник“, најмалото дете има само три години, додека најстарото има 15 години. Полицијата го потврди инцидентот.