Утрински Весник
Спорт

Драматично белградско дерби, Партизан утна шанса за победа над Звезда

Драматично белградско дерби, Партизан утна шанса за победа над Звезда

Шампионот од АБА лигата, Црвена звезда успеа да стигне до тесна и драматична 86:85 победа над Партизан во дербито во осмото коло на АБА лигата, откако Коди Милер-Мекинтаер утна обид за победа на „црно-белите“.

Без публика во вечното дерби, Звезда во поголемиот дел од мечот имаше водство, кое беше и двоцифрено, Партизан успеваше да се врати, пред во драматичен финиш да го загуби мечот.

Џордан Лојд беше најефикасен за победниците со 18 поени, Кори Волден додаде 16, додека Томас беше најдобар за Партизан со 19, а Милер-Мекинтаер заврши со 15.

По осум кола, Звезда е убедливо прва со осум победи, додека Партизан се на четвртото место на табелата со 4-4 скор.

> Драматично белградско дерби, Партизан утна шанса за победа над Звезда <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум