Утрински Весник
Спорт

Атлетико Мадрид имаат неверојатен долг од 999 милиони евра?

Атлетико Мадрид имаат неверојатен долг од 999 милиони евра?

Атлетико Мадрид поставија нов неславен рекорд, откако порталот „Гол“ тврди дека долгот на „рохибланкос“ сега е фантастични 999 милиони евра.

Тие тврдат дека имаат пристап до официјални документи на клубот во кои за крајот на сезоната 2019/20 долговите се зголемиле од 980 милиони на речиси милијарда евра. Според нив, приходите на клубот биле намалени за 32 милиони евра во сума од 325.3 милиони евра, а клубот заработил 100.5 милиони евра преку натпреварувањата (за 7 милиони евра помалку од лани).

Финансиската состојба кај повеќето европски големи клубови е нестабилна поради пандемијата на КОВИД-19 и отсуството на навивачи на трибините, но сепак, овие суми се загрижувачки. Долгот на Атлетико е толку голем поради неодамнешната изградба на фантастичниот стадион „Ванда метрополитано“.

Минатата сезона не беше најдобра за тимот на Диего Симеоне – тие беа елиминирани во четврт-финалето на ЛШ од РБ Лајпциг, загубија рано во Копа дел Реј од Леонеса, а сезоната ја завршија на третото место. Оваа сезона, пак, по победата над Барселона во текот на викендот, тие се блиску до првото место на табелата.

> Атлетико Мадрид имаат неверојатен долг од 999 милиони евра? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг