Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Доколку немавме корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи

(Видео) Арсовски: Доколку немавме корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи

Владата на Зоран Заев и СДСМ е тотално изгубена. Ветото за почеток на преговорите ја извади на виделина целата нивната неспособност и во сегментот на надворешната политика, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Заев и Димитров сe одговорни за сите договори, сите отстапки од националните интереси ги правеа во име на Европската Унија, а сега говорат за план Б. Но кој е тој план Б? Има ли пилот во владата? Зошто Македонија менуваше уставно име и дали го смени само за да добие уште едно ново вето“, запраша Арсовски.

Според него, целата јавност им посочувала на владините функционери дека договорите со соседните земји се штетни и не гарантираат европска иднина.

„Затоа и ги прашуваме ако сега имаме вето и ако власта на СДСМ се свесни дека погрешиле, што ќе направат со договорите? Европската иднина се гради со реформи, а не со пазарџиско лажење и лажни ветувања“, нагласи портпаролот на опозициската партија.

Тој оцени дека во изминативе години Македонија станала најкорупмирана држава во Европа, а Заев станал синоним за корумпиран политичар.

„Да имаше Македонија Влада со европски вредности, а не корумпиран картел на власт, бугарското вето немаше да се случи“, додаде Арсовски и порача дека излезот од оваа ситуација е само оставки од Заев, Димитров и Шеќеринска и формирање влада на национален спас.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово