Утрински Весник
Свет

Шпан: Германија може да започне со вакцинација против коронавирус во декември

Шпан: Германија може да започне со вакцинација против коронавирус во декември
Dik 300x250 mk

Германија може да започне со вакцинирање на граѓаните против коронавирус веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

„Има причина да се биде оптимист дека вакцината ќе биде одобрена во Европа оваа година. И тогаш можеме да започнеме веднаш“, рече Шпан во интервју за германски РНД.

Тој додаде дека побарал од сојузните германски држави да подготват центри за вакцинација до средината на декември, пренесува „Ројтерс“.

„Повеќе би сакал центрите за вакцинација да бидат подготвени неколку дена порано отколку да имам одобрена вакцина што не се користи веднаш“, рече Шпан.

Тој истакна дека Германија обезбедила повеќе од 300 милиони дози вакцина преку Европската комисија, билатерални договори и други опции и дека тоа е повеќе од доволно па дури остава простор за споделување на вакцината со други земји.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина