Утрински Весник
Свет

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе, кога непознат маж ги нападна присутните.

Според првите извештаи, неколку лица биле повредени, а медиумите наведуваат дека жртвите биле прободени со нож. Силни полициски сили пристигнаа на местото на нападот.

Црквата се наоѓа во близина на универзитетскиот кампус.

Полицијата најпрво објави дека осомничениот за нападот е уапсен, а подоцна ја избриша објавата на Твитер и напиша дека истрагата е во тек, пренесува АП.

Засега не е познато колку лица се повредени, но се наведува дека некои од нив се во критична состојба.

Полицијата наведува дека за време на нападот немало никаква служба во црквата, но дека на бездомниците им било дозволено да влезат во неа за да се спасат од студот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк