Утрински Весник
Македонија

Каракачанов: Скопје сака ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Каракачанов: Скопје сака ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање на спорните билатерални прашања, изјави бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов за БТВ.

„Скопје нема желба да ги реши  овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.

Според него, Владите во Македонија не создале услови за нормален развој на своите граѓани, туку само напнатост во земјата.

„Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“, продолжи тој.

Според него, Бугарија јавно изјавила дека поддршката за ЕУ лежи во спроведувањето на договорот за добрососедство, кој беше потпишан пред три години. Овој договор не е спроведен, категоричен е Каракачанов.

„Досега нашите пријатели во Македонија добиле само добри работи од Бугарија. Ние први ја признавме нивната независност. Речиси 30 години, кога Бугарија ќе направи нешто добро, не беше слушнат добар забор. Меѓутоа, кога го покренуваме прашањето за заедничката историја, дека има луѓе кои се поттиснати и се Бугари, кога ќе кажеме ‘Ние ве поддржуваме, а вие ги уништувате бугарските споменици, ја фалсификувате историјата, тогаш се појавува негодување“, коментира тој.

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи