Утрински Весник
Македонија

Кривична за поранешниот градоначалник на Зелениково, делел пари за недовршени реконструкции

Кривична за поранешниот градоначалник на Зелениково, делел пари за недовршени реконструкции

Управата за финансиска полиција до скопското Основно јавно обвинителсво поднесе кривични пријави против Веле Груевски, поранешен градоначалник на општина Зелениково во периодот од 2013 – 2017 година, лицето И.Н. во својство на управител на друштвото за завршни и занаетчиски работи во градежништвото „Изолација“, С.Т. во својство на инженер за изведба, Б.Ј.Ј., во својство на надзорен орган, С.С.Б. во својство на претседател на комисијата за јавната набавка и Д.Ѓ. и К.С. во својство на член на комисија за јавна набавка, поради основано сомнение за сторени кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Поттикнување.

Поранешниот градоначалник во соизвршителство со третопријавениот С.Т. во својство на инжинер за изведба и четвртопријавената Б.Ј.Ј. во својство на надзорен инженер, поттикнати од И.Н. во својство на управител на Друштвото за завршни и занаетчиски работи, во текот на 2017 година ја злоупотребиле службената положба и овластување на начини што првопријавениот потпишал и исплатил средства во износ од 2.198.109 денари од буџетот на општината на сметката на пријавеното друштво „Изолација“.

Друштвото наводно извршило работи за крпење на дупки, иако наведените работи не биле во целост извршени, ни по квалитет, ни по квантитет и на тој начин предзивикале штета на општината Зелениково во износ од 903.190 денари.

Петтопријавената С.С.Б., во својство на Претседател на комисијата за јавната набавка, а шестопријавената Д.Ѓ. и седмопријавената К.С. во својство на членови на комисијата, во текот на 2017 година, поттикнати од второпријавениот И.Н., ја злоупотебиле својата службена положба и овластувања на начин што свесно и со однапред утврдена намера во постапката за јавна набавка на градежни работи, предвиделе ограничувачки и дискриминаторски критериуми, не побарале задолжителна согласност од Советот за јавните набавки, извршиле незаконска евалуација на понудите и спротивно на законските прописи понудата поднесена од страна пријавениото Друштво за завршни и занаетчиски работи во градежништвото „Изолација“ ја избрале за најповолна понуда, при тоа овозможувајќи му на пријавениот правен субјект да се стекне со противправна корист од 2.536.943 денари.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките