Утрински Весник
Македонија

Казнети 166 возачи во Сарај

Казнети 166 возачи во Сарај

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возила и 14 санкции за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Силјан: На избори се добива мандат – не тапија на татковината

13-годишници повредени во судир со мотоцикли

35 години дипломатска борба: Патот на Македонија низ меѓународните организации