Утрински Весник
Свет

Грчкиот митрополит Јеронимос примен во болница поради коронавирус

Грчкиот митрополит Јеронимос примен во болница поради коронавирус
Dik 300x250 mk

Грчкиот митрополит Јеронимос е примен во болница откако беше позитивен на тестот за коронавирус.

Тој е сместен во болницата „Евангелизмос“ во Атина рано наутро во четвртокот, кога пристигнал резултатот дека е позитивен.

„Учествувам во страдањата што ги погодија илјадници луѓе во нашата земја и милиони низ целиот свет. Јас споделувам загриженост, болка и страв за секого, но нашата вера во Бога ќе го надмине сето тоа“, рече митрополитот, пренесе агенцијата АНА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа