Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 3.164 новозаболени и 49 починати, најавени нови мерки

Во Хрватска 1.165 новозаразени со коронавирус, 32 починати
Dik 300x250 mk

Во последните 24 часа евидентирани се 3.164 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 17.814. Меѓу нив хоспитализирани се 1.944 пациенти, од кои 204 се на апарати за дишење. Починаа 49 лица.

Поради зголемениот број на случаи со коронавирус, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави нови построги мерки на денешната владина седница, на која дозна дека министерот за здравство Вили Берош е позитивен на коронавирус. Берош е петтиот министер на хрватската влада заразен со коронавирус.

Шефот на Националниот штаб за цивилна заштита, Давор Божиновиќ, изјави дека построгите мерки за спречување на ширење на коронавирусот ќе се однесуваат на јавни собири, работно време на угостителски објекти, на работа од дома и воведување на работа во смени каде што е можно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа