Утрински Весник
Магазин

Теренс Винтер го напушти проектот ТВ-серија за Бетмен

Теренс Винтер го напушти проектот ТВ-серија за Бетмен

„Ворнер Брос“ телевизија и „Ејч-би-о макс“ ќе треба да најдат нов шоуранер за претстојната ТВ-серија за човекот-лилјак Бетмен. Ова доаѓа по заминувањето на Теренс Винтер, кој требаше да го напише сценариото на драмската серија базирана на филмот „Бетмен“ на Мет Ривс.

Според „Холивуд репортер“, одлуката на Винтер да се повлече од проектот се должи на креативни разлики, бидејќи неговата визија за драмата не била во согласност со она што Ривс и продуцентите го имале на ум.

Искусниот Теренс Винтер, сценаристот на култната серија „Сопранови“, е добитник на „Еми“ награда за оваа серија.

Проектот ТВ-серија за Бетмен, чиј наслов не е откриен, беше инициран изминатото лето, и требаше да служи како придружник на филмот „Бетмен“ на Мет Ривс со Роберт Патинсон во главната улога како човек-лилјак.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Ејч-би-о“ го проширува светот на „Игра на престоли“

Stranger Things: Сè што треба да знаете за петтата сезона

KIDS DISCO – Новата предновогодишна детска забава во МКЦ