„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е партија без единствен став за ниту едно прашање, па и за пандемијата предизвикана од коронавирусот, со што предизвикува конфузија кај граѓаните.Лицемерниот Христијан Мицкоски после цели осум месеци сфати дека коронавирусот е опасен и непредвидлив непријател и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита, кои претходно ги критикуваше. Во исто време високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски зборува дека носењето заштитни маски е штетно за здравјето“, соопшти СДСМ.
Според партијата, Марковски смета дека Ковид-19 е смешен вирус, а Мицкоски секојдневно ја користи пандемијата да го оцрни здравствениот систем и ги злоупотребува заболените и починатите во очајна трка за политички поени.
„Ваквите настапи се продолжение на неодоговорното однесување на ВМРО ДПМНЕ, од почетокот на пандемијата, кога Мицкоски тврдеше дека нема доволно тестови и заштитна опрема, па продолжи со подривање на напорите за справување со кризата, со неказнување за непочитување на мерките и кочење на средства за опремување на болници од страна на опозициските кадри во техничката влада.Наводно загрижен за здравјето на граѓаните, Мицкоски организираше протести без никакво почитување на мерките, без носење на маски, без социјална дистанца, па и самиот не ги почитуваше мерките за заштита.Грижата за здравјето на граѓаните не се покажува со зборови, туку со дела, а ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека претставува закана и опасност за здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението.