Утрински Весник
Свет

Тројца сириски војници се убиени во израелски воздушен напад

Тројца сириски војници се убиени во израелски воздушен напад

Во воздушен напад на израелските воздушни сили врз сириските позиции на Голанската висорамнина, утрово загинаа тројца припадници на сириската армија. Информацијата ја објави сириската државна новинска агенција САНА.

Претставникот на израелската армија Авишаи Адраи на Твитер објави дека израелската авијација ги нападнала воените позиции на сириската армија и иранскиот Кудс, разузнавачко-саботажното крило на Револуционерната гарда на Иран, кои се наоѓаат во Либан.

Сириската САНА најпрво извести дека сириските ракетни и противвоздушни сили ги пресретнале „израелските агресори“ кои прелетале над Дамаск, но подоцна било наведено дека израелските воени сили биле забележани и нападнати на југ, објави Ројтерс. Западни разузнавачки извори тврдат дека Израел извршил воздушни напади врз Сирија како дел од „војната во сенка одобрена од Вашингтон“, со цел да се утврди обемот на иранското воено влијание.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички