Утрински Весник
Спорт

Холивуд во Велс! Рејнолдс и Мекелхени го преземаат Рексам

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Холивудските ѕвезди Рајан Рејнолдс и Роб Меклхени го комплетираа неверојатното купување на велшкиот фудбалски клуб Рексам, во една од најнеобичните фудбалски приказни во 2020 година.

Рексам е фудбалски клуб формиран во 1864 година како најстар клуб во Велс и трет најстар профеисонален фудбалски клуб во светот, и настапува во Националната лига, петтото ниво на англискиот фудбалски систем. Од 2011 година, клубот е во сопственост на навивачите, кои преку својата огранизација дадоа зелено светло за продажбата.

„Трастот на навивачите на Рексам сака да се заблагодари на сите кои гласаа на ова необично гласање, на кое излего 91.5 отсто од членовите. Сега сме во позиција да потврдиме дека ‘РР Мекрејнолдс’ компанијата ќе преземе 100 отсто од контролата на тимот. Сакаме да се заблагодариме на Роб Мекелхени и Рајан Рејнолдс за нивниот професионален пристап“, се вели во објавата на навивачите.

Рејнолдс, најпознат по улогата во хитот „Дедпул“ и Мекелхени, кој ја креираше серијата „Секогаш е сончево во Филаделфија“, имаат план да вложат 2 милиони фунти во преземањето на клубот, како и издавање на документарец за клубот.

„Имаме приказна во нашиот клуб. Што треба еден фудбалер да направи за да излезе на теренот. Заинтересирани сме за сите детали. Можеме да привлечеме и посилни фудбалери за клубот да расне“, изјави Рејнолдс.

> Холивуд во Велс! Рејнолдс и Мекелхени го преземаат Рексам <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа