По објавата на американската фармацевтска компанија „Модерна“ дека нејзината вакцина против коронавирус е речиси 95% ефикасна, голем број научници и лекари се огласија со ентузијастички реакции.
„ Вестите од „Модерна“ се многу возбудливи и постои значителен оптимизам дека ќе имаме избор на добри вакцини во следните неколку месеци. Потребни ни се повеќе детали отколку што добивме во соопштението за јавноста, но самата најава придонесува за општо чувство на оптимизам”, рече професорот Питер Опеншау на еминентниот лондонски империјален колеџ.
„ Гледаме дека следува друга вакцина со слични резултати на ефикасност како вакцината на „Фајзер“ од минатата недела, тоа е многу добра вест. Треба да се има предвид дека ова се привремени резултати, што значи дека се испитани доволно случаи кај вакцинирани субјекти за да може да се зборува за статистички значаен резултат “, рече професорката Труди Ланг од универзитетот во Оксфорд.
Успехот на американската компанија „Модерна“ го коментираше и д-р Ентони Фаучи, водечки експерт на американската влада за заразни болести.
„ Ова се очигледно многу возбудливи резултати. Тешко дека може да има подобро од ова – 95% ефикасност е навистина извонредна”, изјави д-р Фаучи за Си-Ен-Ен.