Утрински Весник
Култура

Фестивалот КРИК продолжува со онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих

Фестивалот КРИК продолжува со онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих

Годинешното петто издание на КРИК – фестивал за критичка култура продолжува утре (17 ноември) со онлајн предавање на германскиот политиколог Михаел Хајнрих на тема „Фетишизмот и секојдневието“.

По предавањето ќе се одржи и дискусија со Хајнрих, модератор ќе биде Артан Садику. Предавањето ќе се одржи во 20 часот на англиски јазик, со пренос во живо на официјалната фејсбук страница на КРИК, на следниот линк: https://www.facebook.com/KRIKfestival/

Со ова предавање започнува третиот дел на КРИК 05, кој оваа година започна со својата програма во јуни. Во првиот дел гостуваа Франко Берарди Бифо, Џули Реше, Светлана Слапшак, Томислав Медак и Алфредо Саад Фиљо, додека пак во вториот покрај теориски излагања и дискусии на: Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Станимир Панајотов, Артан Садику, Небојша Вилиќ, Јованка Попова и Натали Р. Павлеска, сеодржа и проекција на фотографскиот филм „Сето време е сето време“ на Иван Блажев, како и концерт на Кабадајас.

Темата на овогодинешниот КРИК е „Конечноста и кршливото општество – социјализам, слобода и секуларност“, инспирирана од книгата на Мартин Хеглунд „Овој живот – секуларна вера и духовна слобода“, којашто е преведена на македонски јазик и веќе излезе од печат во издание на Контрапункт.

„Многу често, Марксовата теорија за фетишизмот на стоки и капитал е погрешно сфатена како теорија за погрешна перцепција или погрешна свест. Во капитализмот, фетишизмот е реалност. Доколку нашата перцепција е точна и има практични последици во секојдневниот живот. Она што не е во ред е генерализацијата дека фетишистичките односи нужно постојат во секое општество. Во длабока општествена криза, иманентната ирационалност на фетишизираните односи може лесно да стане видлива. Ковид-19 произведува точно таква криза. Сепак, признавањето на ирационалноста на фетишизмот не го претставува крајот на приказната. Мораме да прашаме, кој е карактерот на тоа можно „здружение на слободни личности“, (Маркс) што ќе може да го надмине фетишизмот?“, пишува Михаел Хајнрих, најавувајќи го своето предавање на фестивалот КРИК.

Михаел Хајнрих е политолог во Берлин. Тој ги објавил „Вовед во трите тома на Марксовиот капитал“ (2012) и „Карл Маркс и раѓањето на модерното општество“ (2019), што претставува почеток на серија од четири тома за биографијата на Маркс и еволуцијата на неговите дела.

Постојани партнери на Контрапункт и на КРИК се: Мултимедијалниот институт МаМа од Загреб, kuda.org од Нови Сад, Booksa (Културтрегер), Загреб, порталот Окно – okno.mk

КРИК – фестивал за критилка култура е поддржан од: Allianz Kulturstiftung, Министерство за култур, Гете институт Скопје, Гете институт Брисел, Креативна Европа, Фондација Отворено општество – Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“