Утрински Весник
Македонија

Притворен дилер на дрога во Битола​

Притворен дилер на дрога во Битола​

Судот му определи притвор на  битолчанец во чиј дом била прнајдена разна дрога и пари.

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против едно лице во Битола за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14 ноември биле пронајдени 4.233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и околу 2.500 евра и 200.000 денари.

Со отворање на исражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот