Утрински Весник
Култура

Археолошки истражувања кај Видин Град, Градско – антички Аргос

Археолошки истражувања кај Видин Град, Градско – антички Аргос

Институтот за Археолошки Истражувања-Скопје, со подршка на Министерството за Култура во рамки на годишната програмата проекти од национален интерес, веќе четврта сезона врши археолошки истражувања на античкиот град, кај село Водоврати, Градско. Овој малку познат антички центар идентификуван е со градот Аргос во Пајонија. Според најновите сознанија, градот постоел од самите почетоци до самиот крај на Антиката.

Благодарение на истражувањата на Институтот за Археолошки Истражувања, предводени од Д-р Дамјан Донев, разјаснета е хронологијата на оваа населба, нејзиниот обем, како и основните црти на нејзината топографија. Откриени се одбранбениот ѕид со главните градски порти, градското средиште со Ранохристијанска базилика и неколку јавни градби со непозната намена, како и дел од градските некрополи. Со овогодинешните ископувања, беше пронајден и дел од градска улица на западната, највисока тераса, што претставува драгоцен податок за просторниот план на населбата.
Планирано е истражувањата на овој локалитет да продолжат и наредната година, при што, во соработка со Археолошкиот Музеј во Скопје ќе бидат изведени геофизички снимања на делови од локалитетот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“