Утрински Весник
Македонија

Почина професорот Владимир Андонов – основоположник на современата анестезиологија

Почина професорот Владимир Андонов – основоположник на современата анестезиологија

Денес на 86 годишна возраст почина професор д-р. Владимир Андонов, основополпжник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози.

Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до 1995 година бил директор и основач на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1993 година до неговото пензионирање е шеф на Катедрата по анестезиологија и реанимација на Медицинскиот факултет во Скопје Автор е на повеќе од 80 стручни и научни трудови, објавени во земјата и во странство, коавтор на три учебници во земјата и на еден во странство.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на државната награда “Св.Климент Охридски” во 2003 година.

Министертвото за здравство, министерот Венко Филипче и Здружението на лекари по Анестезија, реанимација и интензивно лекување (ЗЛАРИЛ) и претседателката доц. Д-р. Маја Мојсова Мијовска, изразуваат длабоко сочуство кон семејството на проф. Андоновски.

„Проф. Д-р Владимир Андонов беше голем лекар, кој во својата секојдневна работа несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи и несебично го пренесуваше своето знаење на своите ученици“, велат од Министерството за здравство.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина