Утрински Весник
Свет

Во БиХ речиси 1.300 нови случаи, меѓу починатите и поранешен премиер

Во Босна и Херцеговина 215 новозаразени, потпишан договор за набавка на вакцинa

Речиси 1.300 нови случаи на зараза со коронавирус беа потврдени во Босна и Херцеговина во саботата, а 49 лица починаа, вклучувајќи го и поранешниот премиер Хасан Муратовиќ.

За време на војната во БиХ, тој беше министер во повеќе влади, и премиер во периодот од 1996 до 1997 година. Потоа беше назначен за амбасадор на неговата земја во Хрватска, по што се посвети на својата академска кариера и беше ректор на Универзитетот во Сараево.

Само во болниците во Сараево, во моментов се лекуваат повеќе од 360 лица со Ковид-19, а над 6.000 лица се заразени во главниот град на БиХ.

Од избувнувањето на епидемијата во март, 1.858 лица починаа како резултат на зараза со коронавирус во БиХ, а потврдени се повеќе од 71.000 случаи на заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд