Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Словачка ги олеснува мерките

Словачка ги олеснува мерките
300x250 opst2

Словачка в понеделник ќе ги отвори театрите, кината, црквите, фитнес-центрите и базените за ограничен број посетители, објави премиерот Игор Матовиќ.

Продолжуваат и натпреварите во хокеј и фудбалската лига, но без навивачи.

Земјата со 5,5 милиони жители е меѓу првите што ги ублажија ограничувањата во вториот бран на коронавирус во Европа. Владата со строги мерки и со масовно тестирање се обиде да ја контролира пандемијата што официјалните лица го сметаат за успешно.

Матовиќ рече дека широко распространетото тестирање со брзи тестови кои се помалку сигурни од стандардните ПЦР-тестови помогнало да се преполови стапката на заболени.

Во Словачка заболеле вкупно 83.796 лица од кои 2.024 во последните 24 часа. Кон крајот на октомври, Словачка постави рекорд со повеќе од 3.000 заразени на ден.

Вкупно 491 лице починало во Словачка, помалку отколку во другите западноевропски земји и скоро 12 пати помалку отколку во соседна Чешка, која има најголема стапка на инфекции и смртни случаи во Европа во последните неколку недели.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј