Утрински Весник
Свет

Словенија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 на крајот на декември

Словенија очекува да почне со вакцинација против Ковид-19 на крајот на декември

Првите количини на вакцината против Ковид-19 од најперспективните производители со кои Европската комисија се договараше за сите членки на ЕУ, во Словенија би можеле да бидат достапни за одредени групи на крајот на декември, доколку производителите добијат регулаторни лиценци за нивно пласирање на почетокот на следниот месец.

Ова го изјави на прес-конференција Доротеја Новак-Гошариќ од Дирекцијата за здравствена заштита во Министерството за здравство.

„Вакцинацијата ќе биде бесплатна, односно трошоците ќе бидат покриени од државниот буџет. Вакцинацијата нема да биде законски обврзувачка, но владата ќе започне интензивна кампања за да ги обезбеди вистинските информации за потребата од вакцинација“, рече Новак Гошариќ.

Таа објасни дека Словенија не преговарала и нема да преговара со производителите на вакцини надвор од рамките договорени во Европската Унија, додавајќи дека ова би било неодговорно бидејќи со акцијата на ниво на ЕУ е постигнат најдобриот резултат во преговорите со најперспективните производители на вакцини. Таа вели дека се постигнати и најдобри цени и соодветни национални квоти за секоја држава.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња