Утрински Весник
Спорт

Ќиро Блажевиќ: Србите мислеа дека мечот со Шкотска е зафрканција

Ќиро Блажевиќ: Србите мислеа дека мечот со Шкотска е зафрканција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тренерската легенда, Мирислав Ќиро Блажевиќ, во свој стил го коментирал поразот на Србија од Шкотска, во баражот за пласман на ЕУРО 2021. Шкотска, во Белград, победи по изведувањето на пенали.

„Што ви се случи убави мои? Ме разочаравте…Потфрливте…Очекував да видам подобра Србија. Ве немаше на теренот, ова како да не беше истиот тим кој ја растури Норвешка. Не знам што ви се случи. Игравте под своите можности. Шкотска покажа дека е незгоден тим. Србија има повеќе талент, но не го покажа тоа на теренот. Србија има многу играчи кои играат во најдобрите светски клубови, но изгледа не влегоа сериозно во натпреварот, мислеа дека ова е некаква зафрканција“, рекол Блажевиќ.

Шкотска на ЕУРО 2021 ќе се натпреварува во групата со Англија, Хрватска и Чешка.

> Ќиро Блажевиќ: Србите мислеа дека мечот со Шкотска е зафрканција <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички