Утрински Весник
Култура

Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје ја организира манифестацијата „ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2020

Dks 400x300 C

Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје ја организира манифестацијата „ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2020, манифестација посветена на најмалите од предучилишните установи.
Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата, колку големо значење има празникот 13 Ноември за градот Скопје.

Поради ситуацијата во која се наоѓа нашиот град Скопје и државата, решивме манифестацијата да ја одржиме на поинаков начин.

На наша покана децата од скопските градинки од поголемите групи направија макети со значајни објекти од градот Скопје. Објектот кој го одбраа да го изработат е по нивен избор. Градежниот материјал што го користеле децата за макетите е исто така по нивен избор и може да користат се што сакаат и сѐ што нуди природата. Децата за изработка на макетитете употребиле природни материјали, лисја, каменчиња, дрвцa, употребиле, боици, картон и друг прибор, а не ги изоставиле ни зрнестите продукти како што се леќата, оризот и зрна грав. Од сите овие работи произлегоа навистина прекрасни макети со градби, кои не би поверувале дека можат да ги направат деца од 4, 5 и 6 години. Покрај макетите добивме и фотографии од изработката на макетите односно фотографии како децата внимателно и посветено ги изработуваат.

Идеата ни е сите творби од градинките да ги изложиме во дворот на центарот , да направиме изложба, а потоа и преку видео, со почеток во 11 часот ќе се прикаже на ФБ страната на ДКЦ „Карпош“  како и на YOU TUBE каналот на центарот.

Видеото од манифестацијата „Го градам мојот град “-2020 ќе се прикаже на празникот на градот Скопје 13 ноември (петок), со почеток од 11.00  часот.

За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.

ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
КАРПОШ

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“