Утрински Весник
Македонија

Маричиќ-Вархеји: Владата да продолжи со реформите во правосудството

Маричиќ-Вархеји: Владата да продолжи со реформите во правосудството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, попладнево преку видео врска оствари средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

На разговорот, министерот му ги претстави на еврокомесарот последните реформи кои ги спроведува Владата и Министерството за правда во насока на севкупно подобрување на работењето на правосудниот систем.

Еврокомесарот Вархеји ја поздрави блиската соработка и партнерство со ЕУ во реформите во областа, имајќи предвид дека со почетокот на преговорите за членство во Европската унија особено ќе се интензивира соработката во секторот правда. Вархеји исто така ја потенцираше значајноста на Поглавјето 23, кое како дел од кластерот „Фундаменти“ ќе биде од постојан интерес за Комисијата и земјите членки.
Дополнително, еврокомесарот посочи дека во наредниот период потребно е интензивно да се работи на случаите на организиран криминал и висока корупција и да не се дозволи предметите да застаруваат или да не се постапува по случаите.

Вархеји понуди и конкретна помош во насока на дигитализацијата на судството, како и експертска помош од Европската комисија онаму каде што е потребно.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер