Утрински Весник
Свет

Сараево: Големи гужви поради скратеното работно време на институциите

Сараево: Големи гужви поради скратеното работно време на институциите

Големи гужви настанаa пред Општинскиот суд и Филозофскиот факултет во Сараево, пренесува порталот „Кликс“.

Имено, пред Општинскиот суд, на самиот влез, се направила долга редица луѓе кои чекале со часови да ги добијат документите што им се потребни.

Поради пандемијата на коронавирус од 9 ноември, работното време на оваа институција е скратено, па вработените сега работат од 9 до 13 часот, а надвор има апсурдна состојба со големи редици и недостиг на растојание меѓу граѓаните, информира порталот.

Освен во Општинскиот суд, слична состојба можела да се забележи и пред Филозофскиот факултет.

Студентите чекале во огромна редица за да се запишат на факултет бидејќи повеќето од нив не успеале претходно да го сторат тоа. Сепак, проблеми имаат и оние студенти кои се запишале затоа што со денови чекаат потврди потребни за здравствено осигурување, стипендии и сл.

„Покрај тоа, не помага фактот дека работното време на студентската служба е сведено на два работни дена, односно два часа по отсек во периодот од 10 до 14 часот. Студентите се фрустрирани од ситуацијата што не е променета повеќе од два месеца”, изјавил еден студент за „Кликс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата