Утрински Весник
Македонија

Измамници од Виница продавале тестови за коронавирус

Измамници од Виница продавале тестови за коронавирус

Една фирма и две лица од Виница се осомничени за продажба на лажни тестови за коронавирус.

Според информациите на МВР, вчера по добиени сознанија дека лица од Виница вршеле незаконска продажба на несоодветни брзи тестови за детекција на вирусот Ковид-19, било утврдено дека лицата В.П.(35) и М.А. (46) двајцата од Виница, заедно со правно лице од Виница нуделе и продавале несоодветни т.н. брзи тестови во врска со коронавирусот.

Поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело  незаконито земање и користење на генетски и биолошки материјал, бил извршен претрес во дом и други простории, при што во домот на В.П.пронајдени се седум кеси со натпис „Ковид Чек ТМ“ и едно шише од 2мл со течност со натпис „Буфер“, кои се одземени.

МВР апелира до граѓаните да им веруваат и да се обраќаат само на овластени медицински лица кои се матични лекари или епидемиолози на Институтот или Центарот за јавно здравје и да не наседнуваат на вакви измами.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа