Утрински Весник
Свет

Курц има план за доживотен затвор за терористите

Курц има план за доживотен затвор за терористите

Австриската влада планира да ги задржи осудените терористи зад решетки дури и по издржување на затворската казна, доколку не се откажат од своите екстремистички идеи, објавиja властите една недела по смртоносниот терористички напад во Виена.

„Ако криминалците со психички нарушувања можат да бидат затворени доживотно затоа што претставуваат опасност, терористите кои претставуваат опасност исто така можат да бидат затворени доживотно“, рече конзервативниот канцелар Себастијан Курц на денешната прес-конференција.

Поранешните затвореници, за кои се смета дека претставуваат терористички ризик, ќе мора да носат електронска алка со која властите ќе можат да ги следат, според законот презентиран денеска.

Владејачката коалиција на десно-центристичките конзервативци и левичарските Зелени исто така сака да им го одземе австриското државјанство на оние со двојно државјанство, како и возачката дозвола на оние кои ќе бидат етикетирани како потенцијални напаѓачи.

Кујтим Фејзулаи уби четири лица на 2 ноември и повреди повеќе од 20 во центарот на Виена пред да биде убиен од полицијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дрон во близина на авионот на Трамп: Итно затворен аеродромот во Палм Бич

ДВА УКРАИНСКИ ДРОНА СЕ СРУШИЈА ВО ФИНСКА: Хелсинки спроведува истрага за „сериозната повреда на територијата“

ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ ЈА ОСУДИЈА ОДЛУКАТА НА ИЗРАЕЛ: На патријархот на Ерусалим му беше забранет влез во црквата на Светиот Гроб за Цветници