Утрински Весник
Свет

Турција заинтересирана за производство на руската вакцина – „Спутник V“

Турција заинтересирана за производство на руската вакцина – „Спутник V“

Турција е заинтересирана за производство на првата руска вакцина за коронавирус, Спутник V, соопшти руското Министерство за здравство по телефонскиот разговор меѓу министрите за здравство на двете земји.

Русија веќе тестираше две вакцини против вирусот и е на пат да регистрира трета. Москва најави употреба на Спутник-В за домашна употреба иако последните фази на тестирање сè уште не се завршени.

„ Шефот на турското Министерство за здравство изрази интерес за организирање на производство на вакцината „ Спутник В“ во турските фармацевтски производствени капацитети, откако беа спроведени токсиколошки студии како што бара локалното законодавство“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Рускиот министер за здравство, Михаил Мураско го увери својот турски колега за подготвеноста да организира вакви тестови, се вели во соопштението.

Турското министерство за здравство одби да ги потврди обвинувањата, но министерот Фахретин Коца преку твит објавен во вторникот вечерта потврди дека двајцата службеници оствариле телефонски разговор.

„ Разменивме мислења за прашања во здравствениот сектор во кои соработуваме, имено за напорите за производство на вакцина против Ковид-19 и за меѓународните напори во кои учествуваме“, рече Коца.

Турција пријави скоро 400.000 инфекции со коронавируси, со повеќе од 11.000 мртви од март досега. Владата ја смени својата методологија во јули за да известува само за бројот на симптоматски случаи, потег што според критичарите го крие вистинскиот обем на епидемијата во земјата, пренесува Ројтерс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно