Утрински Весник
Магазин

Крис Прат ќе глуми во римејк на „Сајгонски телохранители“

Крис Прат ќе глуми во римејк на „Сајгонски телохранители“

Ѕвездата на Марвел, Крис Прат и актерот од „Волкот воин“ Ву Џинг, наводно, ќе бидат главни протагонисти во римејкот на Saigon Bodyguards.

Претстојниот филм се базира на истоимената виетнамска акциона комедија од 2016 година, интересна сторија за двајца телохранители.

Според порталот „Дедлајн“, Крис Прат повторно ќе се дружи со режисерското дуо на „Одмаздници“ (Avengers), Џое и Ентони Русо, за римејкот во кој се појавува заедно со уметникот во кинески боречки вештини и актерот од „Волкот воин“, Ву Џинг.

Алекс Грегори и Питер Хајк заедно го напишаа сценариото, додека Прат ќе продуцира преку својата Indivisible Productions заедно со Мајк Ларока и Русо.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме